Три титули за Македонија на LITTLE MISS&MISTER GALAXY 2019

Минатата недела во Банско, Бугарија, се одржа детски избор за убавина, Little Miss&Mister Galaxy 2019, на кој во неговата возрасна категорија победи 8-годишниот Садат Јакупи, претставник на Македонија. Големиот успех тој го зачини со уште една титула –  Top Model Galaxy 2019.
Малиот Садат е член на Модното студио Црнокрак и заедно со неговите родители и со Мики Црнокрак претстојуваа 7 дена во Банско каде со другите учесници од многу држави се подготвуваа за големото финале.
На изборот и Мики Црнокрак доби титула за најдобар Национален директор и тоа трета последователна година по ред. Црнокрак изјави дека е прекрасно чувството да се претставува Македонија надвор од границите, а при тоа ќе се вратите дома со титули, задоволството е навистина комплетно.
Нашиот Садат заслужено ја освои титулата, првенствено со својата убавина и шарм на кои не останаа рамнодушни сите ченови од жири-комисијата, но и со својот однос кој за цело време на изборот го имаше во Банско како кон организацијата, така и кон неговите другарчиња, односно колеги од целиот свет.
Во оваа прилика, Студио Црнокрак се заблагодарува на Ансамбл Кочо Рацин од Скопје, кои ја обезбедиле народната носија за Садат во која тој се претстави на изборот, како и на ЈП Паркови и зеленило од Скопје кои исто така помогнале при подготовките за престижниот интернационален детски избор за убавина.

x

Check Also

Листа на желби: Летна чанта од MANGO

Какошто деновите стануваат се потопли, размислуваме за летна, лесна чанта, иста онаква ...