Три здрави и превкусни нискокалорични сосови кои треба да ги дегустирате

Една од грешките кои ги правиме кога внимаваме на исхраната, а сепак немаме никакви резултати во процесот на слабеење, е употребата на различни сосови со кои ја разубавуваме избраната храна и салатите. Речиси сите сосови кои ги гледаме на полиците во продавниците во себе содржат шеќер и приличен број на калории. Но, ако сосот го приготвите дома, со здрави и свежи намирници, може да бидете сигурни дека сте добиле не само вкусен додаток туку и порција здравје.

Дегустирајте ги овие три неодоливи сосови кои може да бидат совршен додаток на парче месо, во зелената салата, но и да се намачкаат на кришка интегрален леб.

Сос од авокадо со нане

Одличен е и во борбата за остранување на масни наслаги.

Состојки -Половина излупено авокадо, цеден сок од половина лимон, 3 свежи ливчиња нане, 2 лажици маслиново масло, малку сол и црн пипер.

Авокадото изгмечете го со вилушка додека не добиете каша. Додадете ги останатите состојки и мешајте додека не добиете компактна смеса. Намазот може да го користите за салати, за месо и риба, а може и да го намачкате на парче интегрален леб.

sos 3

Сос од јогурт

Овој сос е совршен за зелена салата, салата од краставички и спанаќ, а се вели и дека има моќ да „подмладува”.

Состојки -1/2 чаша нискокалоричен јогурт, 1 лимон, половина лук, една лажичка маслиново масло, малку босилек или рузмарин

Сите состојки се мешаат во густа смеса (во блендер).

sos 1

Домашен чили сос

Докажано е дека чилито го забрзува метаболизмот, а со тоа е и најдобар сојузник на секоја диета.

2 дл пасирани домати, 2 чили пиперчиња, малку црн пипер, малку сол, 2 лажици маслиново масло, 3 ливчиња босилек.

Чили пиперчињата исечкајте ги на ситни парченца и заедно со пасираните домати  пропржете ги на малку маслинов зејтин додека пиперчињата добро не омекнат. Додадете го црниот пипер, маслиновото масло, иситнетиот босилек, и сол по желба. Пропржете се заедно уште малку. Потоа префрлете го сосот во блендер и добро измиксирајте.

Послужете со пилешки прсти приготвени на скара, варен/печен компир, интегрални тестенини или ориз, риба, пилешко месо и зелена салата.

x

Check Also

ГЛАДИЈАТОРИТЕ СЕ ВРАЌААТ ВО СТОБИ – Промотивен викенд на локалитетот

Од утре, 19 септември, првата апликација за виртуелно искуство која овозможува патување ...