Тридневна детокс диета пред Нова година

Диетата трае три дена, доволно за целосна и темелна детоксикација на организмот во периодот пред новогодишните прослави и божиќните трпези. Диетата се базира на зеленчук и овошје, а за само три дена ќе се ослободите од прекумерната слатка и мрсна храна конзумирана на новогодишната ноќ.

Прв ден

Од 8 до 16 часот на секои два часа пијте по 180 мл протеински шеик, а веднаш потоа 250-350 мл вода.

Вечера – чинија салата од свеж зеленчук зачинет со 1-2 лажички маслиново масло, 100 – 150 грама посно месо или риба (барено или печено без масло) и 3 варени белки од јајца.

Ден 2 и 3

Од 8 до 16 часот на секој два часа изедете порција свежо овошје (околку 100 калории), а потоа веднаш испијте 250-350 мл вода.

Вечера – Салата од свеж зеленчук зачинето со 1-2 лажички маслиново масло, 180 мл протеински шеик, 80 грама посно месо или риба, 3 варени белки од јајца.

Во текот на првиот ден на диетата се пие исклучително протеински шеик кој има задача да го започне топењето на мастите. Оваа напивка претставува замена за оброк, може да се купи во аптеките и подобро снабдените супермаркети, а постојат повеќе видови и различни вкусови. Пред да го купите шеикот внимателно прочитајте го составот. Шеикот кој се препорачува во оваа диета не треба да ги содржи следниве состојки – протеини од млечно потекло (казеин, калциум казеинат и натриум казеинат), вештачки засладувачи (аспартам), бел или кафеав шеќер, фруктоза како ни вештачки бои и ароми.

x

Check Also

Што да се јаде за трајно да се загубат килограмите

 „Скокате“ од диета на диета, некои се повеќе успешни, а други без ...