Трифантино, убавини за најмалите и најмилите

Колку љубов е потребно за да се создадат овие убавини?! Кога срцето на една мајка е исполнето со тројна љубов инспирацијата и креативноста доаѓаат природно. Љубовта и грижата кон нејзините најмили ја инспирираше да го создаде најдоброто, а тие креации почнаа да ги освојуваат срцата на сите кои имале прилика да ги погледнат овие „Трифантино“ убавини.


Викторија е дамата  чија креативност, внимателност, неверојатна љубов и трепение го создаде брендот „Трифантино“ инспириран од нејзините малечки, а денес омилен на многу семејства кои го сакаат најдоброто за нивните деца.


Како се роди идејата за „Трифантино“ ?


– Идејата за „Трифантино“ созреваше полека изминативе неколку години, поточно се роди со раѓањето на моите близначиња и како растеа сите три деца, така растеше со нив и „Трифантино“.



– Обврските околу две бебиња и тригодишна ќерка на почетокот едноставно не дозволуваа да се посветам на реализација на идејата толку брзо колку што сакав. Но заедно најдовме начин и време полека, но сигурно „Трифантино“ да порасне во нешто повеќе од желба. Првите декоративни перничиња и куклички беа за нас, а набргу потоа почнав да ги изработувам и по порачка.

Што се се’ изработува под брендот „Трифантино“?

– Целта на „Трифантино“ е да нуди и изработува речиси се за бебешки и детски соби, почнувајки од постелнини и оградици, гнезда, декоративни перници, подлоги за на под па се до дрвени декорации од типот на кукички, облачиња итн.

– Изработките се во најголем дел по порачка со што клиентите имаат слобода да бираат бои и дезени, секако и димензии. Најчесто сепак оставаат ние да ги направиме комбинациите и да изготвиме скици и дизајн.


Од каде ја црпите оваа неверојатна инспирација за креирањето на овие убавини?

– На крајот од денот размислувам што е следно што би можело да се изработи, кои бои и дезени би сакала да ги искористам, што би сакала да постигнам… Идејата созрева полека и првото слободно време седнувам да ја реализирам.

– Секако голема поддршка и помош имам и од сопругот којшто е секогаш спремен да помогне ако „заглавам“, а тука се и ќерка ми (7 год) и близнаците (4 год) – најискрените судии, а нивните најискрени реакции кога ќе видат нешто ново ми значат навистина многу. Благодарна сум и на сите клиенти кои целосно ми веруваат и оставаат се во мои раце, а нивното задоволство кога ќе ја добијат порачката е инспирација и мотив плус за чекор понатаму.


Какви материјали се користат при изработката на креациите на „Трифантино“ и кои бои, дезени и комбинации на материјали се сега во тренд?

– Материјалите коишто ги користиме се 100% дупло ткаен памук, ранфорс. Сите изработки се чист памук. Најголем дел од изработките се во сива боја. Потоа следува ментата и пудрата, па потоа останатите нијанси. Зачудувачки, виолетовата е можеби единствена боја којашто едноставно не е барана; многу ретко се случува да имаме порачка со виолетова боја.
Сите „Трифантино“ убавини може да ги погледнете ТУКА.

x

Check Also

Волшебно издание “Поточиња 2019” викендов во Македонска опера и балет

Детскиот фестивал “Поточиња” овој викенд по 16. пат ќе се одржи на ...