Трикчиња кои секогаш успеваат: Како да ги растегнете тесните чевли

Сигурно ви се случило, сте купиле чевли и потоа заклучувате дека всушност ви се тесни. Има решение. Еве неколку трикчиња кои ќе ви помогнат:

Алкохол

Одвнатре чевлата испрскајте ја со раствор од 50 отсто аклохол и 50 отсто вода. Потоа, убаво истријте. Облечете дебели чорапи и носете ги чевлите 15на минути. Речиси секогаш е успешен овој трик.

Компир

Можеби ви звучи неверојатно, но компирот ќе ја прошири вашата тесна чевла. Земете компир со средна големина (за да може да го собере во чевлата), излупете го и ставете го во чевлата. Оставете го така преку ноќ и чевлата ќе се развлече.

Фен

Овој трик делува само ако чевлите се кожени. Со фен за коса загрејте ја кожата околу минута, додека омекне. Потоа облечете ги чевлите на дебели чорапи и така шетајте дома, додека кожата се излади. Ќе добиете растегнати чевли, комотни за носење.

Ќеса за замрзнувач

Земете ќеса за замрзнувач и наполнете ја со вода, потоа ставете ја во чевлата. Внимавајте ќесата да ја наполните со точно толку вода колку е потребно да се „наполни“ чевлата. Потоа чевлите, заедно со ќесата, ставете ги во замрзнувач. Оставете ги 24 часа. Водата ќе се претвори во мраз, а тој пак, ќе си го направи своето и вие ќе добиете чевли по ваша мерка.

Чорапи

Намокрете ги чорапите со вода и убаво исцедете ги. Во чевлата ставете колку повеќе можете мокри чорапи и оставете гида се исушат одвнатре. Кога чорапите ќе бидат суви, тогаш и вашата чевла ќе биде растегнета.

Весници

Постапката е иста како со чорапите.

 

x

Check Also

Galaxy Tab S7|S7+: нови Samsung таблети за работа и забава

Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd во текот на завчерашниот Galaxy Unpacked настан, ...