Трикови како да изгледате добро на фотографиите

Како да изгледате добро на фотографиите? Како да имате супер фотки кои сите ќе ги лајкуваат?
Со оглед на популарноста на социјалните медиуми Фејсбук и Инстаграм, како и објавувањето на фотографии, стручните лица во оваа област издвоиле неколку трикови со кои сите би изгледале подобро на своите фотографии:

  • Поставете ја главата на едната страна – истражувањето покажало дека ако малку ја “наведнете“ главата на една страна, ќе изгледате попривлечно, т.е. жените треба да ја повлечат главата нанапред за да изгледаат поженствено, а кај мажите, мажествениот ефект се постигнува ако главата ја повлечат наназад.
  • Едната нога поставете ја пред другата за да изгледате послабо.
  • Внимавајте на правилното држење на телото.
  • За жените – носете високи потпетици за да имате поубава линија на вашата фигура.
  • Избегнувајте сјани материјали на облеката.
  • Насмејте се – искрено! 🙂

x

Check Also

Не мораме да се видиме за да испиеме кафе заедно

Од сите начини на кои пандемијата влијае на светот, социјалниот елемент е ...