Сите сакаме да фотографираме со нашите мобилни телефони, но како тоа да го правиме како вистински професионалци? Ви претставуваме неколку трикови кои ќе придонесат да имате совршена фотографија:
- Вистинката светлина = внимавајте на светлината бидејќи најубавите фотографии најчесто се на дневна светлина рано наутро или доцна попладне. Денот со своите природни зраци ги оплеменува фотографиите со совршена светлина.
- Заборавете на зумирањето = подобро приближете се до објектот кој треба да го фотографирате отколку да зумирате. Тоа го намалува квалитетот на фотографијата, а со тоа се намалува сериозноста на вашиот пристап кон фотографирањето.
- Спонтаноста е кул = изненадете ги луѓето околу вас и фотографирајте ги скришум. Спонтаните фотки се кул, а со тоа и сите фотографии ќе бидат различни и убави.
- Фокусирајте се на важните детали = не фотографирајте се што ќе погледнете без целина и идеја, Подобро фокусирајте се на поважните нешта кои ќе имаат смисла и причина за фотографирање.
- Уредете ги фотографите = одберете ги најдобрите фотографии и едитирајте ја најубавата. Така вашите профили на социјалните медиуми ќе содржат само квалитетни фотографии и профилот ќе ви изгледа како на вистински професеионален фотограф.
- Подготвени за фотографирање = секогаш, секаде! Имајте ја замислата и желбата, не го чекајте моментот за добра фотографија туку создаедете добри фотографии од секој момент. Тоа е вистинската одлика на добрите фотографи!