Трка на штикли на Широк сокак: Катерина Михајловска најбрза

Битолчанката Катерина Михајловска трчаше на високи потпетици од 11 сантиметри и – го освои првото место.

Во рамките на фестивалот Битола отворен град се одржа и трка на штикли, а учествуваа девојки од Битола, Скопје, Прилеп, Велес и Струга. Услов за учество на трката беше потпетиците да не бидат пониски од 8 сантиметри и пошироки од 2 сантиметри.

Катерина Михајловска победи и освои награда од 8.000 денари. Втора на целта стигна Марија Микаровска и доби 5.000 денари, а 3.000 денари и’ припаднаа на третопласираната Александра Саботковска.

x

Check Also

55-годишната супермоделка Татјана Патиц позира во раскошна природа

Татјана Патиц (родена во 1966), германски модел и актерка која постигна светска ...