По повод вчерашниот Меѓународен ден на жената, Скопје Сити Мол креираше активности со кои сакаше да ги забавува, изненади и орасположи дамите, цел куп забавни игри и награди со кои вчерашниот ден беше навистина посебно доживување.
Во СОС корнерот посетителите можеа да добијат совети за уникатен и несекојдневен подарок, инстант-честитка во фото-корнерот, совети за стилизирање на нокти, шминка или фризура според најновите трендови во Beauty корнерот, а некои од нив беа избрани во „Мисијата“ каде имаа прилика да се изборат со препреките и да стигнат навреме до својот подарок. Дамите кои пазаруваа со својата мајка или баба, добиваа 30% попуст и други вредни подароци со специјалната програма за 3 генерации!
Одлично поминато попладне во забава, смеење и вредни награди и подароци.