Трогателна изјава на сопругот на Кејт Спајд по нејзината смрт

Во вторникот, 5 јуни, почитуваната дизајнерка Кејт Спајд почина на возраст од 55 години. Нејзиниот сопруг, Енди Спајд, со кого беше во брак 14 години, даде изјава за смртта на Кејт Спајд. Изјавата е објавена во „Њујорк Тајмс”. Во неа, тој изразува љубов љубов и восхит за својата партнерка и во бизнисот и во животот. Во изјавата тој исто така ја сподели својата загриженост за нивната млада 13-годишна ќерка, Френсис Беатрикс (која ја нарекува Беа), и побара почит кон нејзината приватност.

„Кејт беше најубавата жена во светот, таа беше најљубезната личност што ја познавав и моја најдобра другарка цели 35 години. Мојата ќерка и јас сме скршени од оваа загуба и не можеме ни да почнеме да го разбираме животот без неа. Срцето ни е длабоо скршено, и веќе многу ни недостига Кејт.

Кејт страдаше од депресија и анксиозност многу години. Таа активно бараше помош и соработувала со своите лекари за лекување на нејзината болест, која зема многу животи. Бевме во контакт со неа пред кобната ноќ, и таа звучеше дека е среќна. Немаше индикации и немаше предупредување дека таа ќе го стори тоа. Тоа беше комплетен шок. И јасно е дека таа не беше тоа, туку некои лични демони со кои се бореше.

Во изминатите 10 месеци живеевме одделно, но на неколку блокови еден од друг. Беа живееше со двајцата и се гледавме или  зборувавме секој ден. Јадевме многу оброци заедно како семејство и продолживме заедно да одиме на одмор како семејство. Нашата ќерка беше наш приоритет. Ние не бевме законски разведени и никогаш не сме разговарале за развод. Бевме најдобри пријатели обидувајќи се да ги надминеме заедно проблемите на најдобар можен начин. Бевме заедно 35 години. Се сакавме многу и едноставно ни требаше само пауза.

Ова е вистината. Се друго што е неадвор од оваа изјава е лага. Таа активно бараше помош за да на јадмине депреијата и анксиозноста последниве пет години, посетувајќи доктор редовно и земајќи редовно апчиња и за двете болести. Не користеше дроги и алкохол. Немаше бизнис проблеми. Сакавме да го креираме заедно бизнисот. Бевме заеднички родители на нашата убава ќерка.

Допрва треба да видам каква порака остави зад себе и вознемирен сум што приватната порака до мојата ќерка беше толку бездушно споделена во медиумите. Мојата единствена грижа е Беа и заштитата на нејзината приватност, сега кога минува низ ужасно тешко време по загубата на мајкаси. Кејт многу ја сакаше Беа“, пишува во изјавата сопругот на Кејт Спајд.

x

Check Also

Џиџи Хадид позира за новата рекламна кампања на Reebok

Џиџи Хадид е заштитно лице и на новата рекламна кампања на Reebok. ...