Целерот е нов ѓумбир, еве зошто е моќен за здравјето

Целерот има бројни здравствени предности, затоа е и наречен нов ѓумбир. Некои од сличностите на целерот и ѓумбирот е во тоа што обата имаат против-воспалителни својства и ја намалуваат надуеноста.

Во народната медицина целерот е одамна познат како лек против висок крвен притисок, а тоа го покажуваат и новите студии. Според новите истражувања, конзумирањето на целер значително го намалува холестеролот, спречува болести на срцето и го регулира крвниот притисок. Тој помага и во подобрување на пробавата и регулација на телесната тежина. Позитивно влијае на работата на црниот дроб, на кожата, очите и когнитивното здравје.

Во 100 грама целер има само 16 калории, а содржи бројни витамини, минерали, фосфор, железо, цинк, селен, калциум и магнезиум, рибофлавин и калиум.

Освен познатите предности на целерот, истражувањето потврдува нови вредности. Имено, целерот ја зајакнува хлороводната киселина во пробавниот систем, а на црниот дроб му помага полесно да ја разградува храната. Го снабдува организмот со минерални соли кои ја регулираат функцијата на нервниот систем, а истовремено ја стабилизира и надбубрежната жлезда. Еден од методите кои се препорачуваат за регулирање на штитната жлезда е токму внесот на сок од целер во тек на 90 дена.

А еве како да подготвите свеж и моќен сок од целер.

Сокот од целер е најдобриот начин да го започнете вашиот ден. Лековит е, калориски е сиромав, па после него треба да се земе појадок. Откако ќе го испиете сокот, почекајте најмалку 15 минути пред да каснете било што друго.

За да го подготвите сокот потребно ви е 1 стебленце целер. Измијте го убаво и ставете го во соковник. Исцедете го сокот и испијте го веднаш. Втора опција е да го исечкате целерот и да го ставите во блендер. Блендирајте на голема брзина додека добиете пире. Исцедете го и веднаш испијте го.

x

Check Also

Кои се и што значат супер состојките на супер лебовите на Жито Лукс

Водечкиот производител на брашно и леб на нашиот пазар, Жито Лукс, пред ...