Централ Хотел Виница добитник на престижна балканска награда за бизнис туризам

Централ Хотел е добитник на престижната награда BATI – Balkan Awards for tourism industry 2017, во категоријата Business Tourism 2017.

Доделувањето на овогодинешните BATI награди се одржа на 5 декември во Софија, Бугарија, а во име на Централ Хотел наградата ја прими Александра Кирилова – менаџер на Централ Хотел.

Ова признание доаѓа речиси на самиот почеток на работењето на Централ Хотел, кој пред извесно време ги отвори вратите на урбаното угостителство и хотелијерство во Виница. Токму затоа оваа награда е од особено значење за нас. Тоа значи дека нашиот квалитет е препознаен и награден, а нам ни останува и понатаму да се трудиме нашите гости да добијат врвна услуга и беспрекорен комодитет за време на нивниот престој.

Имаме гости од целиот балкански регион, особено бизнис поединци, чиј избор е Централ Хотел, затоа што одговара на потребите на нивниот животен стил и моделот на патување“ – изјави Александра Кирилова.

Балканските награди за туристичката индустрија ги прославуваат значајните достигнувања на компаниите што внимателно и посветено работат на една од најважните гранки за економски пораст и благосостојба на Балканот – туризмот.

Целта на оваа престижна церемонија е да им се оддаде заслужено внимание на компаниите кои успешно застануваат пред предизвиците за постојана и квалитетна туристичка понуда на Балканот. Дополнително, наградите се мотив за постојано унапредување на репутацијата на индустријата преку промовирање на позитивните примери и значајните достигнувања на професионалците во оваа област.

Хотел Централ располага со 22 луксузно опремени соби наменети за туристи, бизнис и семејни посетители во Источна Македонија. Секоја од гостинските соби и апартмани е стилски уредена со елегантен мебел и функционална бања, фен за коса, мини бар, сеф, ТВ, телефон, бесплатни безжичен интернет и избор на кафе и чај.

Гостите уживаат услуги на 24 часовна рецепција, обезбедување, бесплатен фитнес и паркинг, како и бесплатен безжичен интернет и избор на кафе и чај.

Хотел Централ е успешна инвестиција во економскиот и урбаниот развој на Виница, овоможувајќи хотелско сместување што одговара на потребите на гостите, чии приоритет е да добијат врвен угостителски третман во домашен амбиент.

x

Check Also

УЛОВЕН МИЛИОНОТ ОД ИНСТАНТ ЛОЗОТ ЗЛАТНА РИПКА ВО ПРИЛЕП

Инстант лозот Златна Рипка и во својата 6та серија продолжува да радува ...