Цимет – најделотворен зачин за топење на мастите

Циметот е еден од најпопуларните и најароматичните зачини, бројни се неговите делотворни својства, а едно од нив е што ни помага да го загубиме вишокот на килограми.

Малку наросен цимет во храната која ја јадете, млекото кое го пиете или во чајот и кафето, се доволни за забрзување и регулирање на метаболизмот, а со тоа и за полесно губење на килограмите. Сепак, доколку сте веќе „фрлени“ на диета, не заборавајте на вашиот сојузник – циметот, најмалку три пати во денот.

Наутро

Започнете го денот со цимет. Утринскиот чај ќе биде уште повкусен ако додадете во него малку цимет, а и моментално од него ќе направите средство за слабеење. На еден филџан чај оптимално е да се стави една кафена лажичка цимет и една лажичка мед (што изнесува вкупно околу 40 калории). Циметот и медот се одлични сојузници во борбата против килограмите.

Може да приготвите и чај од ловор во кој ќе додадете цимет и засладувач, одлично делуваат како тандем за согорување на мастите.

На пладне

Како меѓуоброк конзумирајте сок од цедени 2 јаболка со 1 лажичка цимет. Или сок од цеден лимон или грејпфрут со цимет. Уште подобро ако направите смути од сите овие овошки (по една овошка лимон, јаболко и половина грејпфрут плус лажичка цимет).

Попладне

Во попладневните часови циметот комбинирајте го со ѓумбир. Циметот и ѓумбирот се уште една совршена комбинација за топење на масните наслаги. Всушност, овие две состојки станаа синоним за природни средства за слабеење. Повторно додадете мед (две мали лажички), 1 лажичка цимет и половина лажичка ѓумбир. Измешајте ги со вода и така испијте ги, или пак може да ви послужат како намаз за парче тост кога е време за ужина.

Навечер

Во вечерните часови повторете ја постапката со цимет, мед, ѓумбир и чаша вода, пред да одите на спиење.

x

Check Also

Викендов се одржа четвртото издание на најголемиот настан за здрав и активен животен стил

На големо задоволство на јавноста, викендов се одржа четвртото издание на Health, ...