Цинкот е сообраќаец, а заедно со витаминот Ц прави магија во организмот

Уморни сте, нервозни, немате апетит, чувствувате болка во мускулите и зглобовите, имате чести настинки … Причината за ова може да биде недостаток на витамин Ц во организмот, што е еден од основните витамини за здравјето на луѓето. Знаци кои исто така може да укажуваат на недостаток на витамин Ц се воспаление и крварење на непцата, сува, груба кожа, бавно заздравување на раните, крварење од носот, зголемена тенденција за инфекции.

Покрај витамин Ц, имунитетот е зајакнат со цинк, кој исто така е моќен антиоксиданс. Во комбинација, овој витамин и минерал можат да придонесат за подобрување на состојбата на имунитетот.

Цинкот делува како сообраќаец, насочувајќи и надгледувајќи делотворен тек во организмот, одржувајќи ензимски системи и клетки. Битен е за синтеза на протеини, а според новите истражувања е еден од значајните елементи за подобрување на имунитетот. Ја регулира способноста за контракција на мускулите. Го помага создавањето инсулин. Значаен е за стабилноста на крвта и за одржување телесна рамнотежа на киселината и базата. Врши влијание на нормализирање на делувањето на простатата и важен е за развој на сите органи за репродукција.

Новите истражувања укажуваат на неговото значење за функционирање на мозокот. Претерано потење може да предизвика губење на 3 милиграми цинк дневно. Најголем дел од цинкот добиен преку храната се губи преку преработка или го нема во доволни количини ако почвата е сиромашна со хранливи состојки.

Што цинкот може да стори за вас:

Го скратува времето за исцелување на внатрешни и надворешни рани. Ги отстранува белите дамки од ноктите. Цинкот е достапен и во комбинација со витаминот Ц.

Во денешно време е малку тешко е да се добие доволно цинк преку вообичаената исхрана и да се внесе препорачаната дневна доза од околу 10 милиграми. Затоа пак додатоците во исхраната можат да бидат многу корисни и му го обезбедуваат на организмот потребното количество цинк. Една од најнапредните форми на додатоци во исхраната е линијата Pharmanоva директ, која ја содржи токму таа оптимална доза цинк, но и витамин Ц, кој ќе ги подобри неговите антиоксидантни својства.

Витамин Ц Цинк во прав, се раствора директно во устата без додавање течност и е лесна за секојдневна употреба.

x

Check Also

Суперхрана која треба да ја јадете и супер коктели кои треба да ги пиете

Колку пати сте си дале ветување дека ќе се „фрлите“ на здрав ...