Црн пипер – фантастичен за нега на лице и коса, еве како да ги направете маските

Веројатно ви се познати добрите страни на црниот пипер за подобрување на циркулацијата, за намалување на мастите во крвта, за забрзување на метаболизмот при диетите, но знаевте ли дека црниот пипер може да одигра голема улога и при негата на лице.

Црн пипер со кисело млего – совршена комбинација против брчки

Најчесто се употребува за решавање на дигестивните проблеми, но доколку црниот пипер почнете да го употребувате како средство за нега на лице, ќе се зачудите од резултатите.

 Црниот пипер е богат со калиум, магнезиум, железо и витамините Ц и К. Тоа што содржи голема доза на витамин Ц го прави црниот пипер исклучително добар антиоксиданс, но има и антибактериски и антибиотски својства. Доколку имате брчки на лицето, темни дамки и проблеми со пигментацијата, лесно може да ги надминете со апликација на црн пипер на лице.

Маска против брчки

Пробајте ја оваа делотворна маска за лице. Во две лажици кисело млеко измешајте 10 грама мелен црн пипер и потоа маската нанесете ја на чисто лице. Отстранете ја по 15 минути.

Црн припер против акни

Ако младешкиот изглед на кожата не ви е приоритет, туку акните, повторно решението може да го најдете во црниот пипер. Според новите истражувања пак, црниот пипер е делотворен и во осветлување на тенот и отстранување на темните дамки од лицето.

Црн пипер за нега на коса – против првут

Доколку спаѓате во групата на оние луѓе кои се борат со упорниот првут, употребете ја оваа маска за коса со која првутот ќе го отстраните.

crn piper 3

За маската за коса потребни ви се 1 филџан кисело млеко и 20 грамамелен  црн пипер. Добро помешајте ги двете состојки и нанесете ја маската на коса. Потоа, ставете капа за капење. Отстранете ја маската за коса по еден час.

x

Check Also

Подготвени да се чувствувате убаво? – Капитол мол го организира Дерма фест 3.0

  Дерма фест на 15. и 16. ноември во Капитол мол Од ...