Црни фустанчиња од MANGO за долго топло лето

Едноставен, елегантен и неверојатно сестран, црниот фустан создава истовремено децентен и ефектен изглед, а новата сезона му носи бројни нови лица во преубави летни модели.

mango, лето 2018

Во летната колекција на Манго, вакви фустанчиња ќе најдете во повеќе варијантни – од класични кроеви до модели со ненаметливи детаљи, како ресички, ленти на преклоп или нагласени раменици.

Должините се главно миди и мини, што ги прави соодветни и за посвечени пригоди или вечерни излегувања кога ги носиме со сандали на висока потпетица, но и за дневните жешки температури кога ги носиме со рамни римјанки и сламен шешир.

Додадете впечатливи обетки и ќе го добиете изгледот без промашување.

Нашите фаворити за лето 2018 од Манго, погледнете ги во фотогалеријата.

x

Check Also

Листа на желби: Карирани чевли од BERSHKA за есен 2018

Карираните материјали и принтови остануваат актуелни и оваа есен. BERSHKA во есенската ...