Црвен тепих на Канскиот филмски фестивал: Тетоважата на Санд Ван Рој испрати порака

Тетоважата на холандската глумица Санд Ван Рој, според многумина, не е порака само за сите мажи, туку и конретно порака адресирана за глумецот Ален Делон, кој неодамна призна дека знае да удри шамар на жена, како и тоа дека се спротиставува на посвојување на деца од страна на хомосексуалните двојки.

На црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал, глумицата Санд Ван Рој се појави со впечатлива тетоважа на грбот на која пишува “Stop Violence Against Women”,  надополнета со нацртан симбол на Венера. Ван Рој не беше единствената глумица која се спротистави на почестите кои Канскиот фестивал му ги даде на Ален Делон. Против изјавите на Делон се изјасни и здружението Вомен енд Холивуд, а беа собрани и 26.000 потписи на онлајн -петицијата кои се против наградата за францускиот глумец.

 

x

Check Also

Кејт Мидлтон со боси нозе на кралската турнеја во Пакистан

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, се појави боса и со шамија при ...