Црвен тепих на SAG 2019: Лејди Гага во стилот на Мерилин Монро

Лејди Гага е секогаш од оние кои го привлекуваат вниманието на црвените ќилими. Така беше и овојпат, на Screen Actors Guild Awards 2019.

На црвениот тепих таа се појави во секси, бел Диор фустан со длабок шлиц. Деталите и шминката пак, се совршено одбрани и за разлика од едноставниот фустан, тие го привлекуваат вниманието и го заокружуваат модниот изглед.

Кројот на фустанот е микс од гламурниот стил на 20-те години и современите денови. Накитот од Тифани е сепак, доминантен – ѓердан, обетки и белегзија.

Карминот е во силна црвена боја исто како и лакот на ноктите со нагласени шпицеви. Косата пак е драматична и додава дополнителен гламур на целиот изглед.

Всушност, иако потсетува на Мерилин Монро, Гага е многу повеќе своја, отколку што е а-ла Мерилин.

x

Check Also

Емили Ратајковски во секси фустан од Мајкл Корс

На црвениот тепих на наградите Тони, топ моделот Емили Ратајковски ги привлече ...