Црвениот тепих на 2019 Billboard Music Awards (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Секако, Греми наградите се супер, но и Билборд музичките награди се подеднакво возбудливи. Додека црвениот тепих на овој голем музички настан не е толку гламурен како оној на Мет Гала или на МТВ Видео Мјузик наградите, сепак видовме многу забавна мода, интересни модни комбинации и елегантни фустани.

Кели Кларксон беше повторно водителка на шоуто, по втор пат, а на сцената и се придружија талентираните пријатели за да изведат перформанси, меѓу кои Мараја Кери (во одлична линија), Мадона, Тејлор Свифт, Тори Кели и други.

Мадона

Како и лани, настанот се одржа во МГМ Гранд Гарден Арена во Лас Вегас, што значи дека гостите имаа уште една причина погламурно да се дотераат.

Во фотогалеријата погледнете ја модата на црвениот тепих.

x

Check Also

Ирина Шаик во нова рекламна кампања во секси издание

Познатата манекенка Ирина Шаик по разделбата со глумецот Бредли Купер, продолжува да ...