Црвениот тепих на 4-от ден на Канскиот филмски фестивал

Четвртата вечер на Канскиот филмски фестивал беше во знакот на новиот филм на Педро Алмодовар.

На црвениот тепих продефилираа ѕвездите од двете премиери – онаа на новиот филм на Алмодовар Dolor y Gloria и ѕвездите од серијата  Too old to die young.

Секогаш убавата Пенелоп Круз, која ја има женската главна улога во филмот на Алмодовар, се појави во друштво на Антонио Бандерас во сино-бел фустан од Шанел.

Погледите на црвениот тепих ги собра топ моделот Бела Хадид која се појави во црвен, секси фустан од Роберто Кавали.

Глумицата Амбер Херд носеше темно-црвена креација од Ели Сааб, богато украсена на едното рамо. Изгледот го заокружи со високи чизми во црвена нијанса.

Дека суперсекси изглед може да се постигне со костум покажа моделот Анја Рубик. Костимот е од Ентони Вакарело.

Популарната индијска актерка Дипика Падуконе се појави во драматична зелена креација на Џамбатиста Вали.

x

Check Also

Ангелите на Викторија сикрет вака ја најавија новата колекција

Victoria’s Secret лансираше жешка кампања најавувајќи ја новата колекција на долна облека ...