Црвените чевли на Мерил Стрип наспроти синиот фустан на црвениот тепих во Венеција

Глумицата Мерил Стрип блесна на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Венеција и уште еднаш покажа што значи да се има стил.

Облечена во свилен син фустан со цветен принт и макси должина, и во контраст – црвени чевли со  „стилето“ потпетица, Мерил Стрип се појави на црвениот тепих и го украде вниманието.

Фустанот е од новата колекција на Живанши, како и чевлите, обетките и очилата за сонце. Очигледно, луксузната модна марка Живанши знаат во што и како да се „инвестира“.

 

x

Check Also

Свечено отворање на новата книжарница на „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“

Скопје ја доби најголемата книжарница во Македонија! Новата суперпродавница на „Литература.мк“, која ...