sam edelman

Црвените чизми оваа есен се насекаде околу нас (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Луксузните модни куќи уште минатиот февруари го најавија трендот на црвените чизми за есен/зима 2017/2018, преку колекциите претставени на модните недели. Лесно беше да се претпостави дека црвените чизми ќе бидат „маст хев“ обувки слегувајќи од модните писти на улиците. Но сепак, тешко беше да се каже дека до толку ќе бидат популарни што ќе прераснат во вистинско модно лудило.

Без разлика дали се тесни (познати како чизми-чорапи) или пак се нешто покомотни, без разлика и на тоа дали се должина до глуждовите или се високи над колениците, црвенитените чизми навикнавме да ги гледаме насекаде околу нас со самиот почеток на есента. Не им одолеаа ниту гостинките на модните недели во светките модни метрополи Њујорк, Милано, Лондон и Париз.

Ги наоѓаме во понудата на луксузните модни марки, но и во колекциите на популарните хај-стрит брендови. Ако внимавате колку ќе потрошите на нив, тогаш посетете ги продавниците на Манго, Зара или Х&М.

x

Check Also

Едноставни трикчиња за суперзабавно цртање со вашите деца

Не треба да сте природно надарени за цртање ни вие ни вашите ...