Црвено, безвременска елеганција: Погледнете го овој макси црвен фустан од Кадора

Црвената боја е синоним за извонредност, таа е онаа боја која што веднаш ни паѓа в очи и не можеме да ја избришеме од ум.

Таа е атрактивна и фасцинантна боја, која понекогаш нè изненадува како незаборавна шлаканица.

 

Дури од антиката, црвената боја е симбол на животот, но исто така и на моќ, богатство и страст. Во историјата на фустанот има многу дизајнери кои во голема мера ја користеле оваа боја или, како што е случајот со иконите “Црвено Валентино” и без временските чевли на Louboutin со црвен ѓон, кои се нивен заштитен знак. Годините и годишните времиња минуваат, но на модните писти црвено никогаш не излегува од мода.

 

Дефинитивно оваа 2018 ја одбележи најмоќната боја. Кога размислуваме за црвен фустан, не можеме да не размислуваме за елеганцијата и префинетоста на овој фустан кој ни го предлага Кадора.

Оваа доминантна црвена боја е совршен избор за вас, ако сакате да бидете впечатливи во важните моменти од вашиот живот.

Фустанот е направен од лелеав материјал, украсен е со елегатни детали, цветови, кои се заштитен знак на Модното Студио Кадора. Има широки ракави завршени со големи и елегантни, воедно доминанти, манжетни.Тој е нашиот предлог за денес.

 

Модното студио „Кадора“ се наоѓа зад зградата на Сојузот на синдикати на Македонија.

x

Check Also

Поглед на првите есенски модни парчиња од Stradivarius

Рок-шик, вака накусо би се опишале модните парчиња кои ни ги носи Stradivarius ...