Цветен бар исполнет со неодолив мирис, креативност и инспирација

Сите барови во градот се украсени во празнично руво, но еден бар е најукрасен од сите во нашиот град.
Поминавме на улица “Павел Шатев” и се влубивме во еден бар полн со најубави празнични декорации, рачно изработени од една дама која креира флорални скулптури во нејзиниот магичен бар – “Flower Bar”.
– Приказната започна на 16ти септември 2019 год. Со голема љубов започнав да го реализирам мојот нов почеток во мојот цветен бар, работа која е моја пасија моја страст, ни раскажува г-ѓа Дуда уметник – флорист кој создава неверојатни цветни креации и креативни аранжмани.
– Уживање е да се креираат цветни аранжмани за секој убав повод.

– Традиционално подарувањето на цветни аранжмани е за свадбените прослави како и дипломски успеси.

– Семејните прослави, особено славите се повод за изработка на еден впечатлив аранжман од свежо цвеќе, вино и слатки.

– Декември е посебно магичен и создава моменти кои посебно инспирираат за создавање на празнични декорации.

– Празнични мотиви, свежо цвеќе, шишарки, лампиони, мирисни свеќи и уште многу детали може да бидат дел одреден празничен аранжман кој е одличен подарок доколку сте поканети на вечера кај ваши пријатели или едноставно сакате да го разубавите деловниот простор, домот или да го подарите на некоја драга личност.

– Секој ден е нов почеток на нова приказна, некому роденден, некој сака да изненади, некој сака да посака најубави желби, убав и среќен брак или 1 година љубов.

– Особено задоволство е која некој ви ја доверува својата приказна, својот момент на радост, повод за прослава на пријателите, семејството, саканите… и едностано и јас станувам дел од таа радост.

– За најмногу половина час во цветниот бар заедно ги создаваме и реализираме сите идеи, изгледи за изненадувањето да биде посебно убаво создадено со заедничка љубов.

x

Check Also

Согорување калории – Крофните ќе ги истопите со 45-минутно возење велосипед со брзина од 20 километри на час

На топ листата на производи чија калориска вредност неретко ја потценуваме се ...