Тука се пие најубавото капучино во Италија

На улицата виа Малпиги број 1, во центарот на Милано, Порта Венеција, неодмна се отвори стилски- дизајнирано кафуле кое претендира да стане најдобар локал за кафе во Италија.  

kapucino 1

Се вика Ка’пучино (Ca’puccino) и штотуку пристигна и во Милано откако беа отворени неколку исти кафулиња во неколку поголеми градови во Италија, но првиот чекор беше направен во лондоснкиот Хародс во 2008 година. Денес вакви локали под истото име има четири во Лондон.

kapucino 3 Идејата да се служи најдобро кафе во модерен сервис и со широка понуда на традиционални италијански колачиња и пецива е на соптвеникот Џакомо Монкаво, која ја реализираше со поддршка на неговиот брат и деловен партнер Маурицио Равиоли. Овие кафулиња за кои денес знае и Лондон и Италија, се многу повеќе од фантастично место за појадок.

kapucino 4

Атмосферата во новиот локал за кафе на Порта Венеција е сосема поразлична од останатите кафулиња во градот. Топла, со удабни места за седење и библиотека.

Веднаш штом ќе го пречекорите прагот ја чувствувате миризбата на квалитетното кафе на кое не можете да му одолеете.

kapucino 5

На менито се 9 типови кафе, од кафе Бичерин до кафе Тирамису и кафе Наполи. И сите се прекрасни! Сепак, ви го препорачуваме кафето Ка кое е вистинско задоволство за непцето.

М.Б.

x

Check Also

Први тротинети и велосипеди за најактивните корисници на апликацијата HalkEco  

  Апликацијата HalkEco на Халкбанк  со која се стимулира пешачењето, трчањето, возењето ...