Творница – прва македонска работилница што ги спојува занаетот и уметноста

Што се случува кога ќе споите графички дизајнер, вајар и графички уметник, со желба да ги спојат традиционалните материјали со современи техники на изработка и модерен изглед? Резултатот е Творница –  името на првата македонска работилница од ваков тип во Македонија, во која занаетот се среќава со уметноста, а производот се уметнички дела кои истовремено имаат и практична примена.

tvornica 2

Луѓето кои стојат зад овој проект се македонски етаблирани уметници, Никола Војнов, Хари Дудески и Александар Дудески – дизајнер, ликовен уметник и скулптор, секој од нив со особени достигнувања во својата област, кои заедно работат на осмислување на дизајн на продукти. Тие ќе го претстават овој прв македонски дизајнерски бренд од ваков карактер на овогодинешниот скопски дизјан фестивал „Skopje Design week“, отворен за посетители до сабота – 5 Октомври.

tvornica 3

Името Творница го одразува концептот на оваа работилница – творба, како спој на производ со уметничко дело. Авторите на Творница се занимаваат со повеќе аспекти на релацијата уметност-дизајн и на специфичен начин ги имплементираат своите различни вештини и изрази во работата што придонесува за оригиналноста на производите.

tvornica 1

Овој проект смело го отвара правецот на една нова „неелитистичка“ применета уметност  која е достапна а сепак може да задоволи високи вредносни критериуми. Третирајќи го дизајнот како јазик со свои специфики, Творница доаѓа до решенија кои се резултат на сублиматот од дизајнерска логика, култура и традиција.

„Идејата е да направиме спој меѓу современиот начин на размислување и нашиот генерален став за животниот стил, применувајќи традиционалните техники и природни материјали, со цел да произведеме парчиња со современ дизајн, користејќи минимум енергија во производниот процес. Нашето најголемо задоволство е кога идејата ќе ја видиме преточена во готов производ, кој истовремено е добро прифатен од публиката. Нашата визија е да прераснеме во прв македонски дизајнерски бренд, кој преку еклектичен процес ќе го обнови значењето на традиционалниот изглед и модерната филозофија на дизајнот“, изјави Никола Војнов, графички уметник и еден од авторите на Творница.

tvornica 5

Modular Chair by Tvornica

 

x

Check Also

Дани носи накит од Ксенија Котев

Моќни жени може само да уживаат во храбар и моќен накит.  Дани ...