Годините не им можат ништо.
Прекрасни дами и вистински зависнички од модата кои годините ги носат гордо како голем дијамантски ѓердан.
Целосно предадени на модните детали, убавиот накит и вистинското уживање во новите модни приказни. Гордо ја носат црната елеганција, но никогаш не се откажаа од снежно белата убавина уривајќи ги табуата дека белата боја треба да ја носат само младите девојки.
Годините се само доказ дека модните додатоци треба да се дозираат умерено, а смелите „јавачки“ чизми се прекрасен моден додаток иако никогаш не се качиле на јавачко седло.
Умереното шаренило и доминатниот животински принт достоинствено знаат да го смират со елегантна кожена црна чанта и да го украсат со мали бисерни обетки .
Секоја линија на лицето е само одраз на убавината и безвременскиот моден стил на овие 60+ девојки.
М.Р.