Чудна животна приказна: убавица која ја мрази својата убавина (ВИДЕО)

Американската русокоса убавица Дана Адива ја отвори душата пред камерите на емисијата „Тру лајф“ на Ем-Ти-Ви жалејќи се дека се откажала од училиштето бидејќи има проблеми со преголемата убавина.

dana 2

21-годишната Дана од Чикаго се откажала од училиште зашто веќе не можела да поднесе пријателките да ја гледаат со љубомора, а мажите да трчаат по неа.

dana 3

„Воопшто не  е убаво да си премногу убав. Би било супер некогаш некој да ме сфати сериозно“, објаснува Дана во својата животна приказна.

Додека била млада сите и’ се восхитувале на убавината, но кога почнала да оди на училиште убавината и станала товар. Момците не престанувале да трчаат по неа, а ниту една другарка не сакала да биде во нејзина близина бидејќи сите станале неподносливо љубоморни. Се’ тоа станало толку неиздржливо што Дана го напуштила школувањето. Сега се надева дека ќе најде некое момче кое сериозно ќе ја засака и ќе ја прифати таква каква што е, како што самата за себе вели, преубава.

dana 4

Патем, таа нагласува и дека била во фаза кога направила се’ за да ја „намали“ својата убавина, покачила неколку килограми и ја сменила бојата на косата, ама ни тоа не и’ помогнало.

Фала Богу, кај нас (сеуште) немаме вакви жалопојки, ама еве идеја како некоја девојка би можела да поработи на својот интернационален публицитет.

http://youtu.be/3BZNcN7wMNY

 

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Плисираната сукња на Летиција од Шпанија

Летиција од Шпанија, 49, е неприкосновена во модната естетика која инспирира. Овојпат ...