Убавици, заинтересирани сте за моден ангажман во странство?

Модната агенција Пантермоделс посредува во наоѓање на модни ангажмани за македонски манекенки и оние кои сакаат да бидат хостеси во Кина, Индија, Турција и Италија. Во разговорот со Олег Дементиенко, сопственик на модната агенција Пантермоделс, дознаваме повеќе за оваа нивна активност.

 

Какви квалификации треба да има една девојка за да може да побара поддршка од вашата модна агенција и посредништво за моден агажман во странство?

Девојката треба да биде висока меѓу 175 и 180 сантиметри, да има стандардни пропорци за модел, карактеристични очи, бујна коса, ниска вилица. За хостеси пак, нудиме ангажмани во Индија каде се бара персоналност и добро владеење со англискиот јазик, додека за Турција им посредуваме на манекенките да учествуваат на модни ревии кои ќе траат до крајот на јуни. Модните ревии во Турција се организирани од страна на два големи производители на кожа, а хонорарот е од 1.000 до 1.700 американски долари месечно.

Што и обезбедувате на девојката на патувањето?

Авионски билет, сместување и хонорар според ангажманот.

Колку до сега девојки со ваша помош отпатувале во странство и успеале да се пласираат успешно на странската модна сцена?

До сега на три македонски модели им овозможивме ангажмани во странство од кои беа многу задоволни, па наскоро повторно ќе заминат надвор од Македонија, во нови модни предизвици.

mod 123

Најавивте дека три убавици од Македонија во следниот период ќе учествуваат на три интернационални избори за убавина. Кои се тие и за кои избори се работи?

Се рабтои за изборите за убавина Мис ексклузив во Анталија, Мис Евровизија во Истанбул и Мис супермодел на светот во Кина. На овие избори ќе не претставуваат Кристина Спасеновска, Билјана Арбовска и Сандра Лазеска. Најпрестижниот од сите е изборот за Мис ФТВ Авардс кој пак ќе се случува во јули во Кипар.

Освен модни ангажмани посредувате и за пронаоѓање работа за хостеси. Што вклучува професионалниот ангажман?

Професионалниот ангажман вклучува снимање на рекламни спотови, каталози и модни едиторијали. Понекогаш хостесите се гости и на познати фирми од автомобилската индустрија.

Кој се грижи за сместувањето и контролата на девојките надвор од Македонија?

Агенцијата од странство со која соработуваме дава посебно обезбедување и се што е потребно за удобен престој. Хонорарите пак се исплатуваат редовно и во локална валута. Дополнително, девојката добива и мобилен телефон, а ние редовно контактираме со неа и ја следиме нејзината работа.

Каде би можеле да се пријават заинтересираните убавици?

Сите заинтересирани девојки кои сметаат дека ги исполнуваат критериумите можат да се пријават на нашата електорнска адреса pantermodels@gmail.com

М.М.

x

Check Also

BOSS со прекрасна уметничка кампања за колекцијата есен/зима 2019

BOSS ја претстави рекламната кампања за колекцијата есен/зима 2019, снимена во њујоршката ...