До убавина со зелен чај

Познати ни се здравствените придобивки на зелениот чај, но придобивките за убавината од зелениот чај не се доволно истакнати.

 zc2

Познато е дека зелениот чај содржи антиоксиданси и помага во ослободување на слободните радикали. Тоа му дава на зелениот чај различни придобивки за убавината, на пример, зелениот чај е добар за вашата кожа и коса, одличен сојузник е во борбата против брчките и акните, а помага и при губењето на тежина.

1. Против стареење

Зелениот чај има многу антиоксиданси кои помагаат да се забрза процесот на обновување на клетките. Како резултат на тоа, кожата изгледа помлада и поцврста. Зелениот чај дополнително помага темните дамки да исчезнат од кожата.

2. Борба против акни

Акните често се појавуваат поради токсини кои се потхрануваат под кожата. Зелениот чај ја лекува кожата со испирање на сите токсини. Како што токсините се исфрлаат, се лекуваат акните  и се добива совршена кожа.

3. Заштита од сончање

Пиење или нанесување на зелен чај на кожата заштитува од штетните УВ зраци од сонцето. Тоа е многу корисно за спречување на појава на изгореници.

 zc3

4. Блескава кожа

Кога токсините и нечистотиите ќе се исфрлат од кожата, таа изгледа посветла и посјајна.

5. Штити од рак на кожата

Научните студии тврдат дека зелениот чај помага во борбата против ракот, а ова особено важи за ракот на кожа.

6. Помага при губење на тежината

Зелениот чај го забрзува вашиот метаболизам и ги лекува проблемите со варење на храната. Ова значи дека може побрзо и подобро да се вари храната, а со тоа станува одличен сојузник на секоја диета.

7. Зелениот чај го спречува опаѓањето на косата

Опаѓањето на косата е хроничен проблем поврзан со современиот начин на живот. Зелениот чај го зајакнува коренот на косата, а исто така ги стимулира фоликулите на косата да растат.

x

Check Also

МЕТЕО СО СЛАВЧО&ЗДРАВЈЕ: Следува значителна промена на времето, внимавајте на недостатокот на енергија!

Во последните десетина години сме сведоци на нагли промени на времето. Сезоните ...