Убавината на Французинките е во правилното отстранување на шминката

Французинките користат многу малку шминка со која добиваат свеж и природен изглед, а истата никогаш не заборават да ја отстранат и секогаш користат 100% природни производи.

francuzinki 8
Ако не можете да пронајдете соодветно козметичко средство за отстранување на шминката кое целосно ќе и одговара на вашата кожа на лицето, можеби е време да пробате нешто поразлично- природни производи кои со иста леснотија и ефикасност би ги отстраниле остатоците од шминката. Ви откриваме неколку начини за отстранување на  шминката.

Бадемово масло

Французинките многу често го користат ова масло за отстранување на шминката.

Нанесете само неколку капки на вата и прво исчистете ги капаците на очите и трепките. После тоа измијте го лицето само со млака вода и избришете го со чист пешкир. Не заборавајте дека бадемовото масло лесно се апсорбира во кожата, богато е со есенцијални киселини,исто и со витамините А,Б1,Б2,Б6 и Е.

Одлично е за сува кожа,кожа склона кон перутање,егземи и псоријази.

francuzinka 2

Екстра девственото маслиново масло

Помрсно е од бадемовото масло,па не се препорачува за отстранување на шминката околу очите. Меѓутоа, богато е со витаминот Е и незаситени масни киселини, па користете го за чистење на лицето.

francuzinka 3

Краставица и млеко

Излупете една голема краставица, изблендирајте ја и додадете пола литар млеко и се нека се повари на тивок оган,10 минути. Кога ќе се олади можете да ја употребите. Ако смесата ја чувате во затворена кутија во фрижидер може да се употребува неколку дена.

francuzinki 1

За оние кои имаат проблеми со чувствителна кожа и мозолчиња, измешајте краставица и бадемово масло. Поточно, исцедете го сокот од краставицата и измешајте го со неколку капки од бадемовото масло. Оваа смеса ќе биде многу благотворна и ќе дејствува многу освежувачки за лица кои се подложни на воспаленија.

francuzinki 6

Зелен чај и млеко од ориз

Се што ви е потребно се 2 дл зелен чај и 1 дл млеко од ориз. Состојките измешајте ги и оставете ги да се оладат на собна температура. Натопете памук во смесата и нежно ичистете го лицето.

francuzinki 7 

Лимонов сок и млеко од ориз

Помешајте сок од свежо исцеден лимон и млеко од ориз во размер 1:2, и убаво измешајте го. Со помош на памук нанесете ја смесата на лицето и нежно исчистете ја шминката. Бидејќи се работи за лимонов сок, избегнувајте чистење околу очите.

francuzinka 8

Банана и млеко од соја

Добро изгмечете една банана и додадете лажица млеко од соја. Сето тоа добро измешајте го и нанесете го на лице. Оставете да стои десет минути, а потоа измијте го со топла вода. Така ќе ја отстраните целата шминка, а кожата ќе ви биде мазна и негувана.

francuzinka 4

 

М.Р.

x

Check Also

Сите се луди по новиот тренд на коса за есен 2020, од Џенифер Лопез до Кејти Холмс

Се прашувате кој е најголемиот тренд меѓу фризурите за есен 2020 година? ...