Убавините на Македонија низ приказната на ЕЗИМИТ ВИНО

Едновремено со одбележувањето на 25-годишнината, ЕЗИМИТ на јавноста понуди нов изглед на веб страната, а ги обнови и збогати своите профили на социјалните медиуми.

e 2

Ве покануваме да ги посетите:
e4
Со оглед на фактот што вината под брендот ЕЗИМИТ се извезуваат ширум светот, на профилите на ЕЗИМИТ покрај описот на вината и советите за љубителите на вина, се постираат оригинални фотографии со Езимит вина, преку кои се промовираат убавините на Македонија. Фотографии на Галичник, Мавровско езеро, Кањон Матка, Свети Наум – Охрид и уште многу други убави предели, со објаснување за локацијата, патуваат и се споделуваат ширум светот меѓу љубителите на вината на ЕЗИМИТ.

e3

„Наш предизвик е создавањето. Наша инспирација е човекот. Нашите мотиви се поврзани со суштината на живеењето. Мисијата на ЕЗИМИТ е фокусирана на Македонија, на создавање поволна клима за инвестирање, развој, напредок….. Затоа ги користиме сите наши предности и вештини, проактивни во ползувањето на бенефициите на просторот, времето, новите сознанија, технологијата. Квалитетот како услов е вклучен во сите сегменти на нашето делување. Со него е поплочен патот кој го трасираме за успешна реализација на нашата мисија“ – се вели во мисијата на ЕЗИМИТ.
e 1
Дел од таа мисија е раскажувањето на приказната за убавините на Македонија поврзани со вкусот и аромите на вината на ЕЗИМИТ.
e6

x

Check Also

Пет најубави базени со прекрасен панорамски поглед

Луксузните хотели се обидуваат на секаков начин да им удоволат на своите ...