Убаво чувство со женската колекција на чевли од GEOX есен/зима 2017

Технологија, удобност и италијански стил  – елементи кои GEOX продолжува да ги развива и во новата колекција обувки за есен/зима 2017/18. Мисијата на GEOX е да го подобри квалитетот на живот со комбинирање на практичен, впечатлив дизајн и современи модни трендови.

Уникатните својства на удобност, леснотија, флексибилност и издржливост се резултат на патентирано истражување за комбинирањето на естетиката и функционалноста во модели кои се трендовски и прилагодливи за секакви ситуации.

Колекцијата го истражува концептот на „убаво чувство” преку обувки кои може да се носат во текот на целиот ден без да се изгуби чувството на удобност. Оваа сезона особено впечатливи се чевлите со елегантна, издолжена линија и повисоки потпетици, како и мокасините и чизмите направени од мека кожа со дополнителни детали како реси и метални украси.

Класичните чевли на потпетица со различна висина се „must-have” за сезоната. Дизајнирани да го дополнат секој изглед овие чевли доаѓаат во повеќе бои, материјали и текстури. Неизбежно, присутни се и главните карактеристики на GEOX обувките – патентираниот водоотпорен ѓон, анатомска внатрешност со различна дебелина и постава која дише.

Кај спортските обувки оваа сезона највпечатлива е Nebula 4X4 B ABX линијата – симбол на постојаниот стремеж на GEOX за иновативност и технолошки напредок. Во зимската колекција, интегрирани се две напредни технологии во еден модел – Nebula со својата леснотија и Amphibiox со системот за водоотпорност. Овие обувки кои дишат, се во линија со современата мода, следејќи го спортскиот и лежерен стил во комбинација од материјали како кожа, нубук, меш, контрасни бои и 3Д порабување.

Природната температура на стопалото се одржува под контрола со специјален внатрешен систем на дишење со кој топлината излегува преку поставата, додека пак 3Д мрежата овозможува поголемо испарување и чувство на леснотија. Специјална конструкција ги поврзува горниот и долниот дел на обувките, а обезбедува оптимална еластичност, додека пак гумениот, надворепен ѓон овозможува абсорбирање на притисокот без разлика по каков терен се движите.

 

 

 

 

x

Check Also

Овој викенд голема забава во Skopje City Mall кој слави 7-ми роденден!

Време е за голема забава, мнооогу награди и шопинг лудило во Skopje ...