Улична мода: Фантастични модни изгледи на Модната недела во Париз

Додека во уличната мода на модните недели во Њујорк, Лондон и Милано видовме најразлични, прекрасни здолништа и фустани, на париските улици за време на модната недела доминира стилот „позајмено од момчето“.

Машки костуми, предимензионирани тексас парчиња и мантили, карирани кошули, панталони во машки крој…, добар дел од парижанките се дотераа на начин како да ги „украле“ модните парчиња од гардероберот на своето момче. Освен подемот на машката облека, очигледен хит се карираните модни парчиња и тоа во жолта боја.

Чизмите се посебна приказна! Високи, елегантни, ексцентрични и секако, тука се трендовските набрани чизми, потоа „каубојките“, како и чизмите со анимал принт, од кои доминира змијскиот принт. Анимал принтот го гледаме и на фустаните, панталоните, чантите, всушност, оваа сезона тој е насекаде.

Здолништата и фустаните во миди должина имаат предност, пред мини и макси моделите, а одлично се „носат“ со високи чизми.

Инспирирајте се од фотогалеријата.

x

Check Also

Неделен хороскоп (9. до 15. декември): Топ знаци на неделата – Стрелец, Бик и Лав

Оваа недела планетата Меркур влегува во знакот на Стрeлец, одлични вести ги ...