Улична мода: Инспиративни модни комбинации кога градникот е на виделина

Некои градници се премногу убави за да се скријат под слоевитата облека. За среќа, модата денес дозволува градникот да се вкомпонира во гардеробата како дел од неа, поточно – да се испрчи на виделина.

Сепак, кога станува збор за модни комбинации во кои градникот јасно се гледа, треба да се земе предвид за каде вака сте се дотерале. На пример, не експериментирајте со оваа мода на работното место. Второ, тоа што градникот се гледа, треба да биде очигледно дека е намерно, а не дека станува збор за грешка при облекувањето. И трето, облеката треба да има рамнотежа. Видлив градник веќе дава сигнали на истакната сексуалност, па затоа ваквата модна комбинација треба да се ублажи на некој начин со другите парчиња облека, за да не изгледате како да сте изглегле на улица директно од спалната соба.

Проверете во фотогалеријата повеќе успешни комбинации од уличната мода со видлив градник.

x

Check Also

Нега на божиќниот цвет Поинсетија, за совршено празнично украсување на домот

Божиќната ѕвезда – цветот Поинсетија дава посебна празнична убавина на домот. Самата ...