Улична мода: Инспирирајте се од стилот на Скандинавките

Во послената деценија скандинавските улици стануваат се поголема инспирација за модните трендови и како да ги комбинираме модните парчиња.

Стилизирани до перфекција, Скандинавките почнаа да го негираат минимализмот по кој беа всушност познати со децении. Сега, тие се се поприсутни на модните блогови и се повеќе модни „инфлуенсерки“ може да се најдат од скандинавските земји.

Минатата недела во Копенхаген се одржа Модната недела за сезоната есен/зима 2019/20, а убавите Скандинавки уште еднаш го покажаа своето неверојатно чувство за стил.

Што може да научиме од нив за модните трендови?

Во мода се необичните мантили, предимензионираните блузи и обетки, живите бои, но и модните изгледи со модни парчиња искомбинирани во исти или слични тонови од „глава до пети“, впечатливи модели на чанти во различна големина, доминација на жолтата и виолетовата нијанса, чизми и чевли со вртоглави потпетици како и фенси патики во комбинација со елегантен изглед…

Инспирирајте се од фотогалеријата.

x

Check Also

Иднината на модата е одржлива Crafting the future Athens

Фондацијата „Onasis Stegi“ во соработка со „British Council“ организираше дводневна програма во културниот ...