Улична мода: Модните комбинации на Британките за време на Лондонската модна недела

Редовно со нетрпение ја чекаме Модната недела во Лондон и тоа најмногу за да ги видиме модните комбинации на лондонските улици. И овој пат нема грешка – Британките повторно покажуваат дека за нив модата е забава.

Неочекувано „спарени“ модни парчиња кои на прв поглед се неприфатливи за очите, додека на втор поглед – изгледаат многу симпатично. Некои дами очигледно се обидуваат да го претстават британскиот панк преку изборот на гардеробата, додека други комбинираат елегантни парчиња облека со патики, фармерки или груби чизми.

Би рекле дека стилот на Британките ни испраќа порака – облечете се што ќе ви падне на ум! И воопшто не размислувајте кое парче со кое друго се сложува. Во таа забавна модна игра има и такви кои изгледаат дека се „дотерале“ како за да тркнат до најблиската самопослуга.

Сепак, има многу инспирација во овие фотографии. Повелете, инспирирајте се.

x

Check Also

„Медена земја“ се прикажува во 24 градови низ Македонија

Кинодиструбуцијата на документарецот „Медена земја“ (Honeyland) низ Македонија продолжува со нови датуми ...