Неделата на мода во италијанската модна метропола Милано заврши, но добро е да „фрлиме“ поглед на уште неколку модни комбинации кои можат да ни дадат инспирација како да се дотераме во монотоните есенски денови. Правилото на силни бои против сивилото (на есента) важи и оваа сезона. Доминираат црвената и жолтата боја, шарените фустани и палта, но и модните додатоци во силни нијанси.
Чизмите над колениците никогаш претходно не биле толку секси, а во игра се дури и сатенските. Беретките се вратија на модната сцена и подеднакво се актуелни како и чантичките кои се врзуваат околу струкот.
Карираното – јасно е – е „маст хев“ на есенските денови, но корисно е да се види како може да се комбинира со риги.
Инспирирајте се од фотогалеријата.