Уловен милион и Златна Рипка во Велес

Понеделнички (11.03.2019) Државна лотарија на Македонија ја посетија млади весели луѓе, кои со себе донесоа инстант лоз ЗЛАТНА РИПКА , вреден милион денари.

Озен Фератов од Велес, ја улови својата Златна Рипка, која му донесе добивка од милион денари. Инстант лозот го купил во среќното место Тобако КА-М во Велес, каде најчесто купува инстант лозови. Многу пати до сега имал само замена, но и не некој поголема добивка. Овој викенд решил повторно да си ја проба среќата и тоа со инстант лозот Дијамант. Откако Дијамантот, не му донел среќа, решил да проба со најновиот инстант лоз АЛАДИНОВА ЛАМБА, но откако и со него не го послужила среќата, се вратил и купил Златна Рипка, која е и негов фаворит кога станува збор за инстант лозовите. Озен најмногу се забавува со овој инстант лоз, кој ни рече за него е наједноставен и до сега се покажал како најсреќен за него.

Така и овој пат, за 50 денари си улови милион денари, кои му ги донесе бројот 2, како број кој го има и во добитните и во броевите на Озен, а под него е впишана добивката од 1.000.000 денари.

Инаку инстант лозот Златан Рипка за прв пат Државна лотарија на Македонија го пласираше во септември 2016 година, а од тогаш стана омилен меѓу играчите на инстант лотаријата. Веќе во продажба е и четвртата серија, а оваа игра станува се популарна и донесе многу интересни и среќни приказни низ цела држава.

x

Check Also

„Со точак во Пастел“: Пастел организира акција со велосипед за намалување на загадувањето на околината

Ресторан Пастел и Пекарница Пастел организираат креативна кампања во месец септември насловена ...