Уловен милион од инстант лозот Златна Рипка на Државна лотарија на Македонија

Инстант лозот Златна Рипка и во својата четврта серија продолжува да ги радува играчите.

Еден од најпопуларните лозови на Државна лотарија на Македонија вчера во просториите на Државна лотарија на Македонија донесе млад брачен пар, кој од вчера се новите милионери.

Тамара Јандриевсјка Црвенковска заедно со нејзиниот партнер го посетиле среќното место на Државна лотарија на Македонија во Скопје Сити Мол, каде купиле три инстант лозови Златна Рипка, на кои имале постојано добивки од 50 денари и ги заменувале за нови инстант лозови. На еден од сменетите инстант лозови бројот 43 им донел 1.000.000 денари. Кога ја соопштиле веста на своите најблиски, најпрво никој не им верувал на радосната вест , но подоцна сите се радувале заедно со нив .

Вчера(14.01.2019) на празникот Василица ги посетија и просториите на Државна лотарија на Македонија и ја подигнаа својата добивка.

Не пропуштајте ја шансата за добивка. Пронајдете ја вашата ЗЛАТНА РИПКА и УЛОВЕТЕ ГО МИЛИОНОТ.

x

Check Also

„Со точак во Пастел“: Пастел организира акција со велосипед за намалување на загадувањето на околината

Ресторан Пастел и Пекарница Пастел организираат креативна кампања во месец септември насловена ...