Ултимативен луксуз: 5 идеи за подароци за новогодишните празници

Можеби е вистинско време (ако сте добро организирани), за подоцна да го избегнете метежот, да размислувате за новогодишни подароци. Петте луксузни парчиња од познатите светски марки можат да ви послужат како инспирација.

Се согласуваме, нема потреба да се луксузирате при изборот на подароци, особено ако паричникот е потесен од желбата. Големите брендови веќе ги понудија своите луксузни производи на пазарот најавувајќи ги во празничните каталози. А еве ги петте најпривлечни.

Том Форд Кристал Ринг

Том Форд Кристал Ринг

Еден човек многу добро знае што значи луксуз. Се вика Том Форд. Веќе од тука ги слушаме оние „ле-лее“ и  „а-уу“ за подароков.

Чанта Том Форд Кристал Ринг, 4990 долари, достапна на официјалниот сајт на Том Форд.

Пепелашка од Лубутен

Пепелашка од Лубутен

Божиќните и новогодишните празници се време кога се потсетуваме на бајките. Убаво е да се помине полноќта, без брзање, танцувајќи со еден пар чевли како оние на Пепелашка. .

Пепелашка чевли на Кристијан Лубутен, 1,295 долари.

Кис ланче, Ланвен

Кис ланче, Ланвен

Ланчето ќе го пренесе тоа што го ветува. Барем, бакнеж. Но, „ова е Ланвен душо, Ланвен!“. Чини 1,185 долари.

Металик машки чевли Ѕаноти

Металик машки чевли Ѕаноти

Премногу? Никогаш не е доста. Ова се златни машки патики од Џузепе Ѕаноти. Веројатно, за ваков подарок за сопругот би се одлучила Ким Кардашијан. 1,125 долари.

Прада

Прада

Може да ја видиме иднината на мачката Шупет на Лагерфелд. Баш е мачка.

Прада Кет Бег, 3.250 долари.

x

Check Also

Повеќе харизма во личниот стил, со помош на додатоци

За многумина, зборот „стил“ претставува термин резервиран за изглед како од списанија ...