За креативниот директор на Ботега Венета, Томас Маер, природен избор за кампањата есен-зима 2013/2014 беше познатиот уметнички фотограф Ралф Гибсон за да претстави длабока контекстуализација и контраст на надреалното.
Гибсон е познат по сликите кои претставуваат комбинации на тензии и енергија, а особено е актуелен по неговите фотографски книги.
„Тој има способност да ги следи своите инстинкти и така да одговори спонтано на поставената задача, при тоа создавајќи нова форма на изразување. Токму таа нова форма беше неопходна за будење на емоции, а емоциите се цел на нашата кампања“, вели Маер.