Уметност на убавината со Севентин и Јана Бурчевска

Летниот караван Уметност на убавината (The Art of Beauty) на познатиот бренд Севентин започна во Битола. Младата пејачка Јана Бурчевска го означи почетокот на летната кампања со изненадувања и забава, а наредните викенди продолжува во Охрид.

seventin 2

„Севентин во својата палета ги нуди најновите светски трендови за шминкање кои изобилуваат со весели и свежи тонови, кои секоја девојка би посакала ова лето да ги има на себе. Летната кампања продолжува и во Охрид со голем број изненадувања за сите млади девојки кои сакаат да изгледаат убаво и модерно“, рече пејачката Јана Бурчевска.

seventin 4

Летната кампања започна со дневен настан и анимација каде сите млади девојки се фотографираа со поставениот симулиран Севентин магазин, а познат стилист ги разубавуваше сите минувачи и им делеше интересни едукативни совети како во неколку чекори до летен изглед. Голем број на подароци беа дарувани на сите они кои беа дел од ова утринско дружење.

Највпечатливо беше вечерното модно шоу на Севентин, кое се одвиваше на плоштадот Магнолија во Битола. Музика, забава и дружење беа клучните елементи кои го карактеризираа вечерното случување. Секоја девојка имаше можност да учествува во ова шоу и да ја проба декоративната козметика на Севентин и секако да биде наградена.

seventin 1

Летниот караван од Битола ќе отпатува следните викенди во Охрид, каде што на охридските плажи стилистите на Севентин ќе презентираат интересни совети за шминкање. Вечерните часови се резервирани за модното шоу кое претставува вистинска атракција.

Колекциите на Севентин се препознатливи по свежите тонови и јаките бои. Покрај иновативноста, квалитетот на производите е исто така значајна предност на Севентин, кои освен тоа што креираат совршен изглед, истовремено ја хидрираат и штитат кожата од надворешни влијанија.

x

Check Also

Сите се луди по новиот тренд на коса за есен 2020, од Џенифер Лопез до Кејти Холмс

Се прашувате кој е најголемиот тренд меѓу фризурите за есен 2020 година? ...