Уникатни, мангупски и за секој ден! Нова колекција Friday маици на Friday Shop

Неодамна започна со работа првата и единствена онлајн продавница наменета за мажи – Friday Shop. Може да се нарачаат многу производи посветени на машката мода, стил, нега и живот, а отсега е достапна и нова колекција на Friday маици – уникатни, мангупски и за секој ден.

Станува збор за специјално дизајнирани маици со интересни дезени инспирирани од урбаниот животен стил, наменети за мажи кои го ценат и негуваат кежуал стилот. Целата Friday колекција е направена во соработка со одличниот дизајнер Дарко Стојоски кој стои позади изработката на илустрациите.

Новата колекција на маици, специјални понуди, како и целиот асортиман на производи можете да ги погледнете на онлајн продавницата www.fridayshop.mk.

x

Check Also

НОВОГОДИШЕН БАЗАР НА РАКОТВОРБИ ВО ХОТЕЛ КОНТИНЕНТАЛ

Богатство од креации и идеи за уникатни новогодишни подароци изработени со љубов, ...