Уникатни велигденски јајца украсени со тантела- Чипкасти велигденски јајца

Тантелата останува во мода и за сезоната пролет/лето 2018, а доколку сакате модерни ( и многу елегантни!) велигденски јајца, тогаш изборот е „чипкани јајца“.

Како да ги направите?

Не ви треба посебно мајсторство за да ги направите овие елегантни, нежни велигденски јајца. Потребни ви се варени јајца, ножички, гумички, боја за фарбање на јајцата и парче чипка.

Се разбира, кога спомнуваме материјал-тантела, тоа е парче од кошула, фустан, марама или прекривка која повеќе не ја користите.

Со ножички исечете ја чипката на парченца кои се доволно долги за да се завиткаат во нив јајцата. На местото каде што сте ја ставиле чипката врз јајцето, ставете и гумичка, која уредно ќе ги држи заедно.

Ставете го јајцето во боја за фарбање и оставете го да отстои во бојата неколку минути.

Кога ќе ги извадите јајцата од бојата, пресечете ги гумичките и отстранете ја чипката.

Видеото ве води чекор по чекор до елегантни чипкани јајца.

 

x

Check Also

HUAWEI P smart 2021 пристигна на македонскиот пазар со quad камера, стилски дизајн и батерија од 5000mAh 

Најновиот смартфон на Huawei, базиран на AppGallery – Huawei P smart 2021, ...