Упропастена ревијата на Д&Г: гол маж истрча на бината како на фудбалски натрпевар (ВИДЕО)

Италијанските модни новинари имаат материјал за мајтапење: ревијата на Долче и Габана ја коментираат како фудбалски натпревар.

dolce 2

Креаторскиот пар Доменико Долче и Стефано Габана веќе имаат доволно голем проблем со кој треба да се справат – минатата недела двојката беше осудена на затворска казна поради затајување на данок.

Но сега, имаат и нов проблем. Нивната модна ревија на која минатиот викенд  ја  претставија колекцијата за мажи за пролет 2014 имаше неславен крај кога еден гол маж истрча на бината и упорпасти се’. Така сериозната ревија одеднаш стана хумористична, а хуморот го искористија и медиумите.

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Плисираната сукња на Летиција од Шпанија

Летиција од Шпанија, 49, е неприкосновена во модната естетика која инспирира. Овојпат ...