Популарната шпанска модна марка Манго го лансираше новиот „lookbook“ насловен Urban Bohemia.
За кампањата позира моделот Кара Тејлор презентирајќи елегантни и „кежуал“ модни парчиња за сезоната пролет/лето 2019.
Акцентот е на фустаните и кошулите со принт, како и на модните парчиња во неутралните нијанси. Колекцијата содржи и модни додатоци, впечатливи ремени и накит во златни нијанси.