Многу шик: Урбани еспадрили од Долче и Габана

Еспадрилите за првпат се направени во Каталонија во 14-от век, но се претпоставува дека првиот модел на еспадрили датира уште од пред 4.000 години. Ова безвремено парче обувки доживеа низ годините бројни интерпретации, а сега Долче и Габана ни нудат современи модели за урбани мажи.

espa 1

Експериментирајќи со различни материјали, Долче и Габана го создадоа моделот наречен Модело, а новата колекција нуди бои инспирирани од виножитото. Изработени се од многу мека кожа, па освен шо изгледаат ултрашик, се многу пријатни за носење и во нив стапалото не се поти.

espa 3

x

Check Also

ТВ-серијата „Зоки Поки“ продолжува да ја освојува Скандинавија

ТВ-серијата „Зоки Поки“ продолжува да ја освојува Скандинавија. По најавата за емитувањето ...