Урбано лето со машката колекција на Springfield

Урбаното лето но носи машката колекција на Springfield.

BLOCK COLOURS

Клучен елемент на маиците е спортскиот изглед кој е достапен во повеќе бои и шари. Разиграна колекција за момците на Springfield кои ова лето задолжително треба да поседуваат поло-маици и бермуди кои се одликуваат со пругаст принт и колор-блок комбинација на бои.

SOFT JUNGLE

Пастелните тонови се повторно актуелни оваа сезона, но во посуптилно издание претставено преку тропски принтови. Маиците со кратки ракави и летни мотиви како палми, одлично се комбинираат со џинс парчињата.

Сините и розови тонови ќе бидат вистински избор за оваа тренди линија.

Друг клучен елемент кој се вклучува е ефектот на избледеност од сонце.

INDIGO BLUE

Еден од најактуелните трендови за сезоната се индиго нијансите. Модерни тонови кои се комбинираат со монохроматски изглед за деновите под сонцето.

Овие тонови се појавуваат на бермудите, маиците со целосен принт и кошулите со кратки ракави и со тропски дезени.

Оваа морнарска боја комбинирајте ја со обувки во контрастни земјени тонови

DAILY SMART

Линијата ‘daily smart’ е задолжителна во гардеробата на секој Springfield маж. Овие парчиња имаат поформален изглед, но го задржуваат опуштениот стил кој го дефинира брендот. Колекцијата вклучува ленени кошули и панталони, како и слим-фит чино панталони во различни бои. Променете го стилот со кратка верзија на овие изгледи и искомбинирајте ги со бермуди во природни и земјени бои кои ќе ги носите во топлите летни денови.

x

Check Also

Над 300 млади пливачи на Зимското национално првенство во мали базени

Зимско национално првенство во мали базени се одржа во Спортскиот Центар Борис Трајковски во ...