Уште еден Jeep Compass ќе се вози низ Скопје

Денес (15.01.2019) пред среќното место на Државна лотарија на Македонија кое се наоѓа во Капитол Мол беше доделен уште еден од 10те автомобили Jeep Compass од популарниот инстант лоз Биди ВИП вози Џип.

Среќниот добитник е Игор Петревски од Скопје кој со задоволство ја раскажа неговата среќна приказна.

Игор купува од сите инстанти на ДЛМ, но омилен му е Биди ВИП Вози ЏИП токму поради големата желба да биде сопственик на овој прекрасен автомобил, од таа причина Игор купил дури 13 лоза. Добитиниот лоз го купил од среќното место во Капитол мол каде што денес на тоа место Марјана му ги додели клучевите, потоа се фотографираа, а новиот добитник доби куп честитки. Пред да си замине со неговиот нов автомобил, Игор испрати порака до сите играчи да бидат упорни и да не се откажуваат никогаш, затоа што не знаеме кога среќата ќе се насмевне и Вие ќе станете горд сопственик на ваков убавец.

x

Check Also

Голема забава за 3тиот роденден на Скопје Мериот хотел

 Со голема прослава, бројни гости и креативен концепт што нудеше многу забава, ...